-->
-->
Премиерот Димитриев се сретна со германскиот пратеник Фрај
-->
Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска се сретна со Торстен Фрај, пратеник во германскиот Бундестаг од редовите на ЦДУ/ЦСУ и главен известувач во Бундестагот за Република Македонија.
На средбата, како што информира владината прес-служба, се поздравени добрите билатерални односи меѓу двете држави и е истакната заложбата за континуирано унапредување и продлабочување на соработката во секоја сфера од взаемен интерес.
Двете страни ја истакнале значајноста и потребата за организирањето фер и демократски избори. Премиерот Димитриев ја афирмирал фокусираноста на Владата за организирање кредибилен изборен процес и го истакнал јасниот владин став за поддршка на работата на Државната изборна комисија за прашањата за кои комисијата изразува таква потреба.
Двајцата соговорници се согласиле дека сите политички партии треба да имаат позитивен пристап кон градењето доверба во изборниот процес и оти треба да ги прифатат резултатите од изборите со цел креирање политичка влада која ќе има полн фокус на приоритетите за развој на економијата, реализацијата на стратешката определба за членство во ЕУ и НАТО и реформите за унапредување на стандардите коишто се од значење за европските и евроатланските интеграции.
На средбата станало збор и за менаџирањето на ефектите од мигрантската криза при што премиерот Димитриев посочил дека крајот на домашната политичка криза ќе обезбеди и дополнителен квалитет во надминувањето на актуелните и на потенцијалните предизвици во врска со мигрантите. бак/паг/12:36
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка