Прелиминарен извештај за падот на египетскиот авион за еден месец
Прелиминарен извештај за падот авионот на компанијата „Иџиптер“ со 66 патници и членови на екипажот ќе биде објавен за еден месец, изјави шефот на египетскиот истражен тим Ајман ал Мокадем.
Тој, како што пишува весникот „Ал Ахрам“, истакна дека тој извештај ќе ги содржи сите информации, кои ќе бидат собрани до моментот на неговото објавување.
Авионот ербас А320 на египетската компанија ноќта меѓу средата и четвртокот се урна во Средоземното Море, северно од Александрија.
Утврдено е дека авионот емитувал пораки, кои укажуваат дека во леталото имало чад непосредно пред прекинот на преносот на податоци.
Пронајдени се делови од леталото, личен багаж на патниците и остатоци од човечки тела во Медитеранот околу 290 километри северно од Александрија, но не и црната кутија.
Авиони и бродови од Египет и уште пет земји продолжуваат да го пребаруваат поширокото подрачје на Средоземното Море.
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари