Преку Развојната банка ќе се реализираат две мерки од шестиот пакет мерки
Директорот на Развојната банка на Република Северна Македонија, Кире Наумов на денешната прес-конференција претстави две мерки од шестиот пакет мерки, кои ќе се реализираат преку Банката. Првата мерка е нова бескаматна кредитна линија и втората е нов модел за субвенционирање на трошок на компании кои ќе ја реинвестирале остварената добивка.
-Прво, вкупно 50,9 милиони евра кредити со поволна каматна стапка банката пласираше до 186 домашни компании преку деловните банки за поддршка на проекти преку кои е предвидено вработување на најмалку нови 605 лица. Воведовме нов производ – царинска гаранција за да го олесниме извозот на компаниите кои прават увоз заради облагородување и повторен извоз. Со царинската гаранција од 250 илјади евра ги поддржуваме малите и средните компании од сите дејности, а со гаранција од 390 илјади евра ги подржуваме и компаниите од преработувачката индустрија. Трето, преку бескаматните кредити за домашни компании, трговски поединци, занаетчии досега поддржавме 4.807 субјекти кои заедно вработуваат 36.802 вработени, рече Наумов и додаде дека вкупниот износ на сите три бескаматни кредити 44,1 милион евра.
Најави дека оваа недела во наредните седум дена очекува Владата да дискутира за условите и критериумите на ковид четири линијата, по што ќе преземат чекори заедно со ресорните министри да ја операционализираат и оваа бескаматна кредитна линија.
Ново на Сител
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во проширувањето на ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев