Фудбал
12. јуни 2021 - 19:20

Прекинат мечот Данска - Финска, Ериксен колабираше на теренот

 Пред да заврши мечот Данска-Финска играчот на Данска и Интер, Кристијан Ериксен во еден дуел падна покосен и почна да го голта јазикот. Веднаш му притрчаа на помош неговите соиграчи. Докторите шест минути се обидуваа да го реаниммираат, додека публиката и двата тима во грч го следеа медицинскиот тим како го реанимираат.

Ериксен беше изнесен од теренот, а натпреварот и официјално беше прекинат. За малку избегната голема трагедија на ЕУРО 2020.

Докторите се борат да го спасат неговиот живот