Преглед на вестите од светот
Израел испрати понуда до Хамас- седумневна пауза во борбите и ослободување на десетина палестински затвореници кои се осудени за сериозни престапи во замена за ослободување на околу 40 заложници. Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, од утрово е во Каиро на разговори со египетските власти за израелскиот предлог. Египет, заедно со Катар, помогнаа да се постигне примирје минатиот месец, кое траеше една недела и беа ослободени повеке од 105 заложници и околу 240 палестински затвореници. На 7 окотмрви , вооружени борци на Хамас зедоа 242-ца израелци и странци како заложници кога ја пробија границата со Израел и убија околу 1200 луѓе.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека војската побарала мобилизација на дополнителни 450 до 500 илјади луѓе, но дека конечна одлука не е донесена.
- Реков дека ми се потребни дополнителни аргументи за да го поддржам таквиот потег. Бидејќи, пред сѐ тоа е прашање за луѓе, второ, прашање е на правичност, прашање на одбранбени капацитети и прашање на финансии“ рече Зеленски.
Линијата на фронтот во војната во Украина долга 1.000 километри годинава речиси и не се помести, а украинската контраофанзива наиде на цврста руска одбрана.
Врховен суд во Колорадо одлучи дека поранешниот претседател Доналд Трамп не може да биде на гласачкото ливче во американската сојузна држава на изборите за Белата кука следната година поради неговата улога во нападот на американскиот Конгрес од неговите поддржувачи на 6 јануари 2021 година.Трамп е првиот претседателски кандидат во американската историја кој е прогласен за неподобен за функцијата претседател според ретко користената одредба од Уставот на САД, која им забранува на функционерите кои учествувале во „бунт“ да извршуваат јавна функција. Пресудата само ги спомнува предизборите во Колорадо на 5 март, на кои Републиканската партија ќе го избере својот кандидат за претседател, но би можела да се однесува и на општите избори во Колорадо на 5 ноевмри..Адвокатите на Трамп најавија дека веднаш ќе се жалат до Врховниот суд на СУД , кој го има последниот збор за уставните прашања.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар