Преглед на вести од светот
Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа на северот на Грција во близина на Кукуш. Според грчките медиуми 55-годишниот Македонец загинал при диретен судир со друг автомобил управуван од 44 годишна жена. Таа заедно со две тригодишни девојчиња и 38-годишен маж се пренесени во болница.
Од грчката противпожарна соопштија дека на местото на несреќата интервенирале 8 пожарникари со 4 противпожарни возила за извлекување на безживотното тело и повредените. Причините за сообраќајната несреќа засега се непознати
Еден член на репортерскиот тим на Ројтерс во Украина загина а двајца други се тешко повредени откако руска ракета го погодила нивниот хотел во Краматорск, потврдија од новинската агенција
Загинатиот е 38 годишен британски државјанин кој повеќе години работел како советник за безбедност во Ројтерс, како дел од репортерската екипа на агенцијата која известувала од фронтот во Донбас.
Зеленски во својата редовна вечерна видео порака изјави дека „обичен градски хотел“ бил уништен од руска ракета од типот Искандер, истакнувајќи дека нападот бил „апсолутно целен и промислен“. Тој изрази сочувство до семејството на загинатиот.
Францускиот суд му го продолжи притворот на основачот на Телеграм, Павел Дуров, кој беше уапсен во саботата на аеродромот во Париз поради наводни прекршувања поврзани со апликацијата Телеграм. Кога ќе заврши таа фаза на притвор, судијата може да одлучи да го ослободи Дуров или да поднесе тужба и да одреди натамошен притвор.
Кремаљ пак денеска ја обвини Франција за двојни стандарди, според нив Дуров е уапсен бидејќи НАТО сака да ја контролира комуникацијата на руската армија
Дуров беше приведен во саботата вечерта на аеродромот во Париз Бурж, веднаш по излегувањето од приватниот авион со кој полетал од Азербејџан.
Според тамошните медиуми, француското правосудство смета дека Дуров е вмешан во бројни злосторства и може да се соочи со обвиненија за тероризам, трговија со дрога, измама и перење пари
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар