Македонија
29. јуни 2019 - 19:11

Прегазена жена во Струмица

Вчера во 15.30 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, А.Д.(41) од Струмица, управувајќи патничко возило „Пежо 307“ со струмички регистарски ознаки, удрил во С.А.(58) од Струмица.

С.А. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата во Струмица.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.