Прегазена 78-годишна жена - сторителите фатени преку видео снимки
Седумдесет и осумгодишна жена В.Н. од скопското село Марино вчера починала од повреди откако била удрена од патничко возило „хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки кое го напуштило местото на несреќата. Откако возилото било најдено, сопствениците во полиција дале лажна изјава за да избегнат вина.
Како што денеска соопшти МВР, во 17.25 часот вчера во СВР Скопје било пријавено дека жената била удрена на крстосницата од ул.„500“ и ул.„401“ во село Марино и дека возачот избегал со возилото.
В.Н починала од повредите на самото место. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по насоки на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и биле преземени низа оперативни мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.
Како што информира МВР, биле прегледани видеоснимки од околни објекти и било разговарано со сведок, како и со сопствениците на возилото кои во службен разговор изјавиле дека го дале возилото на непознато лице без купопродажен договор.
-Но, по преглед на снимките од „Сејф сити”, констатирано е дека се работи за лажна изјава на сопственичката на возилото Ј.С. од Скопје, која веднаш е приведена во Полициска станица Гази Баба и признала дека нејзиниот сопруг И.С. (46) го управувал возилото. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министертството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија
-
Руската опозиција во Берлин ги организира првите антивоени демонстрации во странство
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот