Македонија
2. December 2016 - 12:41

Прегазен пешак починал на самото место

 
На магистралниот пат Крива Паланка - Куманово синоќа е прегазен пешак кој починал на самото место.
 
Според инфромацииет од Министерство за внатрешни работи, несреќата се случила синоќа во 21 часот и 10 минути кога автобус марка ЕОС, со бугарски национални ознаки управуван од 38-годишниот Ц.Ц , удрил во пешак. Се работи за 53-годишниот Г.М. од село Гиновце кој за жал починал на местото на несреќата.
 
Увид извршила екипа на Јавно обвинителство и Полициска станица.
 
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.