Предвремени избори во Косово најверојатно на 18 јуни
По денешното изгласување недоверба на Владата на косовскиот премиер Иса Мустафа, се очекува претседателот на Косово, Хашим Тачи, утре да распише предвремени парламентарни избори.
Претходно, во текот на денот Тачи ќе има средба со претставници на политичките партии, на која треба да се усогласи датумот за одржување на изборите, кој согласно Уставот, треба да се спроведат најдоцна за 45 дена сметано од денесја.
Според телевизијата Топ чанел, изборите најверојатно ќе се одржат на 18 јуни, во ист ден со и редовните парламентарни избори во Албанија.
Инаку на денешната собраниска седница за иницијативата за изгласување недоверба на Владата, која ја предложи опозициската партија Иницијатива за Косово на Фатмир Лимај, гласаа 78 пратеници, 34 беа против, а тројца воздржани.
Покрај опозициските пратеници, од редовите на Иницијативата за Косово, Алијансата за иднина на Косово (ААК) и Самоопределување, за недоверба на Владата гласаа и 12 пратеници од владејачката Демократска партија на Косово (ПДК) на Кадри Весели, која претходно ја предводеше Хашим Тачи.
Подносителите на иницијативата ја обвинија Владата на Мустафа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата од кампањата, не успеале да добијат доверба од јавноста, ниту да донесат важни закони.
Мустафа, кој е лидер на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), изјави дека неговата смена е политички памфлет насочен за дестабилизација на Косово, недоверба во институциите и создавање институционален вакуум.
При формирањето на сегашната Влада во 2014 година, ЛДК и ПДК се договорија премиерското место да го добие Мустафа, претседателското Тачи.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес