Предводникот на „Шверцери“, Омер Буњаку, советник на вицепремиерот Груби
Омер Буњаку, предводник на „Шверцери“, и Шпат Касапи, популарен пејач, од 13 ноември годинава се советници на првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем, Артан Груби, пишува „Призма“.
Биографијата на Буњаку е кратка, има едвај 70 збора, а половина од нив се потрошени да се опише ангажманот како актуелен советник на Груби. Тој, наведува „Призма“ повикувајќи се на биографијата добиена од Владата, дипломирал туризам и менаџмент, директор е на фудбалскиот клуб Шкупи, а покрај македонски и албански зборува и англиски и турски јазик.
„Буњаку е познат како предводник на навивачката група „Шверцери“, истата група чиј основач бил Груби. Има ‘сочно’ полициско досие и проблеми со законот од 2011 година. Сегашниот советник на Груби учествувал и во тепачките на Кале во 2011 година за изградба на црквата-музеј. Не само што учествувал, туку тогашниот заменик-министер за полиција, Џевад Бучи, привремено го ослободи, кога пред телевизиските камери му ги извади лисиците. Потоа неговото име се најде во пресудата за педесетина осудени за овие инциденти што ја вознемирија јавноста и долго ги разбрануваа меѓуетничките односи пред една деценија. По објавата на пресудата за осудените, јавно со осуда реагирале и Груби и лидерот на партијата, Али Ахмети“, пишува Призма.
Ново на Сител
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за Кочани
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица – политички паразити на кои им пречи расчистување со криминалот
-
Шест закони под лупа на антикорупциска
-
Таравари: Ќе има одговорност ако се утврдат пропусти кај третманот на 57 годишниот пациент кој почина на Кардиохирургија
-
Финансиска полиција и ОЈО ја тресат ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп