Македонија
21. October 2016 - 11:09

Предложени мерки на претпазливост за две лица од случајот „Тендери“

До Основниот суд Скопје 1 вчера се поднесени предлози за мерки на претпазливост за две осомничени лица во истрагата  со случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), соопшти денеска СЈО. 

Со предлозите е побарано од Судот осомничените лица да се јавуваат еднаш неделно, односно секој вторник во 10 часот кај определено службено лице во Основниот суд Скопје 1 Скопје.

- Воедно, за двете осомничени лица е побарано определување и мерка претпазливост одземање на патна исправа, поради постоење на околности кои упатуваат на опасност од бегство,  се вели во соопштението.

„Тендери“ е истрага што СЈО ја објави вчера, а се однесува за изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје,  заедно со истрагата „Топлик“  во врска со продажба на градежната парцела за изградба на резиденцијалната насeлба „Сончев град“.