-->
-->
Предлог-законот за легализација на дивоградби пред членките на ССК
-->
Во Сојузот на стопански комори на Македонија денеска ќе се одржи средба на претседателите на Градежната комора и на Комората на трговски друштва за геодетски работи, Ивица Јаќимовски и Горан Јовановски, со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во однос на новиот Предлог-закон за утврдување правен статус за бесправно изградени објекти, најави Сојузот на стопански комори (ССК).
Предвидени се обраќања на Сугарески, Јаќимовски и Јовановски, по што пред претставници на компании при ССК стручните служби во Министерството за транспорт и врски ќе ја презентираат новата законска регулатива.
Ресорното Министерство најави дека со новата регулатива треба да се стави крај на изградбата на бесправни градби и узурпација на просторот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Загаден воздух: Инспектори ќе ги тресат индустриските капацитети во државата
-
Арачиново повторно под полициска опсада - Пронајдено автоматско оружје, пушки, муниција
-
Реформи во системот за кризи
-
Акција на МВР во Арачиново
-
СДСМ: Тошковски го пушти Груби
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да го осудат Груби
-
Кардиоваскуларни прегледи преку „Мој термин“ во Штип
-
Преглед на вестите од светот