Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност го разгледа и проследи на понатамошна постапка Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир со кој се предлага измена на законската регулатива во насока на забрана на употреба на експлозивни материи – пиротехнички средства во затворен простор. Предлогот денеска треба да биде разгледан и во Законодавно-правната комисија.
Со предложениот Закон, за кој не беа поднесени амандмани, се врши интервентна измена во Законот за прекршоците против јавниот ред и мир како резултат на трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март во кој загинаа 59 млади луѓе и околу 200 беа повредени.
Се утврдува дека не е дозволена употреба на пиротехнички средства определени со закон во објекти и простории од затворен тип, а се предвидуваат и прекршочни глоби за физички и правни лица кои постапуваат спротивно на забраната.
Пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ на комисиската расправа истакна дека предлогот е во насока на зголемување на превенцијата и редот во државата.
- Сето тоа е во насока на зголемување на превенцијата и редот во државата каде што би требало имплементацијата на истите да придонесе да не се повторат вакви несреќи за кои сите жалиме. Драго ми е што беше поддржан од опозицијата. Проширени се делата за нарушување на јавен ред и мир. Зголемена е глобата, додека за повторување на прекршувања се предвидува и радикална мерка одреден притвор, а се зголемуваат и надлежностите на полицијата, информираше тој.
Според пратеничката Драгана Бојковска од ВМРО-ДПМНЕ, оваа законска измена не претставува само законска измена, туку треба да претставува чекор и апел дека треба да постои одговорност но и дека не смее да има компромис кога се работи за безбедноста на младите.
Во предлогот стои дека имајќи предвид дека во процес на изготвување е нов Закон за експлозивни материи за цивилна употреба од страна на надлежното министерство, со конкретниот предлог се врши интервентна измена на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, до донесување на новите законски решенија со кои детално ќе бидат регулирани сите аспекти поврзани со експлозивните материи за цивилна употреба, во кои се опфатени и пиротехничките средства.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Венко Крстевски, независен советник и кандидат за в.д. градоначалник на Кочани
-
Притвор за четворица, куќен за шестмина ново осомничени за пожарот во Кочани
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во старата Градска болница
-
Во Вреди секој вреди, но кој ќе излезе ќе го изеде волкот
-
АХВ уништи небезбедно месо, јајца и бои за јајца
-
Неизвесен стартот и површините кои треба да бидат посеани со ориз
-
Објавен повикот за млади земјоделици - државата дава 10.000 евра
-
Кичевчани стравуваат за своето здравје - депонијата ги гуши