Со сведочење на Љупчо Палевски продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо. Во Основниот Кривичен суд Скопје со почеток во 10 часот Палевски прво треба да биде сослушан од неговиот бранител, адвокат Јовица Страшевски, а потоа да одговара на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.
На изминатото рочиште, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, одби да одговара на прашањата на Палевски. „Немам коментар“ беше одговорот на прашањата поставени од обвинетиот Палевски кон таткото на Вања.
Ѓорчевски одговори единствено на првото прашање во врска со тоа дали слушнал дека има комуникација со кој било член од неговото семејство, при што одговори дека не го познава Палевски и замоли веќе да не одговара на неговите прашања.
Претходно, таткото на Вања одговараше на прашања од Обвинителството поврзани со неговиот живот, исчезнувањето на Вања и потрагата по неа. Ја критикуваше полицијата, наведувајќи дека не видел конкретни чекори за пронаоѓање на Вања.
Одговарајќи на прашања од неговиот бранител, адвокат Владимир Туфегџиќ, Ѓорчевски рече дека смета дека дал голем придонес во истрагата и посочи дека претрпел тортура при распитите.
Палевски е последниот сведок кој треба да сведочи, откако претходно, покрај сведоците на Обвинителството, беа сослушани и останатите обвинети.
Обвинетиот Велибор Манев ги образложи грабнувањата и убиствата на Вања и Панче, посочувајќи дека главен организатор бил Љупчо Палевски. Боре Видевски го негираше своето учество во настаните, додека, Влатко Кешишев посочи дека тој не сведочел на истите, бидејќи најчесто му била давана задачата да чува стража.
Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.
Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против директор на јавно претпријатие во Делчево за злоупотреба на службената положба
-
РЕК Битола: Присуството на прашина при поинтензивен ветер е позната појава, работиме на нејзино минимизирање
-
Украдени се две бронзени бисти на гробиштата во „Бутел“
-
Со фалсификат документи „аудито“ на вонбрачната партнерка го регистрирал на негово име
-
Јаневска: Две третини од слободните места се за упис во стручните училишта
-
Тркалезна маса: Државата е на крстосница меѓу стариот систем и новата европска иднина
-
Земјотрес од 6,2 степени според Рихтер го погоди Истанбул
-
Загина 46-годишен маж, додека возел излетал надвор од коловозот