-->
-->
Прецизирање критериумите при ангажирање странски ракометари во македонските клубови
-->

Врз основа на заклучокот од последното Собрание на Ракометната федерација на Македонија по однос на ангажирањето на странски играчи во македонските ракометни клубови кои учествуваат во Суперлигата, се одржа состанок меѓу клубовите и раководството на федерацијата.
На работниот состанок беа прецизирани условите и дополнителните критериуми околу ангажирањето на странски играчи македонските клубови.
Пред две години Управниот одбор на РФМ донесе одлука за прогресивно намалување на бројот на странските играчи и на сила остануваат утврдените квоти:
сезона 2015/16 – максимум 12 странски играчи,
сезона 2016/17 – максимум 11 странски играчи,
сезона 2017/18 – максимум 10 странски играчи,
сезона 2018/19 – максимум 9 странски играчи,
сезона 2019/20 – максимум 8 странски играчи.
- Целта на овие мерки е да се заштитат македонските играчи и да се стави крај на неконтролираниот наплив на странски играчи со потпросечен квалитет. И наместо ростерот на екипите да се пополнува стихијно со евтини странски играчи, вниманието и активностите на клубовите повеќе да бидат насочени кон создавање на домашна база и развој на младите играчи, информираат од РФМ.
Според новите критериуми за следната сезона македонските екипи може да ангажираат само четворица странци „по слободен избор“ додека другите, максимум шест, ќе мора да бидат репрезентативци на земја која е рангирана во Топ 15 според последната официјална ранг листа на ЕХФ на машките репрезентации и да имаат минимум 10 настапи за А-репрезентацијата на својата земја во последните пет години.
Ограничувањето на странските играчи се однесува единствено за настапите во домашното првенство, додека за учество во европските куипови и во СЕХА лигата, клубовите имаат право да регистрираат неограничен број на странски играчи.
Од сезоната 2017/2018 стапуваат на сила уште две новини што беа договорени на вчерашниот состанок во РФМ. Од следната сезона секој клуб ќе биде должен во пријавените 16 играчи на секој официјален натпревар во машката Супер лига да има минимум двајца македонски ракометари на возраст до 21 година.
Клубовите кои се натпреваруваат во највисоки степен на натпреварување, согласно пропозициите, досега имаа обврска да пријават и младинска екипа, а од сезоната 2017/2018 ќе имаат задолжителна обврска да пријават и пионерска и/или кадетска категорија во системот на натпревари на РФМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
-

Нудел помош на граѓани при подигнување пари од банкомат, па им земал дел од парите
