Празнувањата на Голема Богородица и Св.Јоаким Осоговски во Крива Паланка со мерки за заштита од Ковид-19
На ден пред празнувањето на Голема Богородица во Крива Паланка и манастирот Св.Јоаким Осоговски, како и на празникот на патронот на манастирот, задутре на 29 август, Општина Крива Паланка во соработка со МПЦ-ОА, Кумановско-Осоговска епархија презема превентивни мерки за заштита од ширење на болеста COVID-19.
-Ги информираме сите граѓани, сопственици на угостителските објекти, како и другите стопанственици, дека годинава, поради новонастаната ситуација на пандемија од Ковид-19, нема да се спроведе праксата што се применуваше во сите изминати години и нема да биде дозволено поставување продажни штандови, како во урбаниот дел на градот, така и во близина на манастирскиот комплекс „Св.Јоаким Осоговски“. Исто така, нема да има ниту продолжување на работното време на угостителските објекти и нивните сопственици се должни да го почитуваат досегашното работно време, до еден часот, како и да се придржуваат на досегашниот протокол за работа, информира службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка.
Празничната вечерна и утринска богослужба со света архиерејска литуρгија, како и сите други верски обичаи, за сите верници и посетители во манастирот ќе се одвиваат по одреден редослед, со запазување на мерките за заштита од Ковид-19, носење заштитна маска и одржување физичка дистанца.
Ново на Сител
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Ни Северна, ниту Република: Силјановска се заколна во Македонија - стигнаа реакциите
-
Борисов: Мицкоски ми е добар пријател, го повикувам да престане да зборува, изборите поминаа
-
Дали градинките не треба да примаат родители на завршните приредби поради голема кашлица?
-
Македонските водичи бараат поголеми контроли од инспекторите
-
Националната мрежа на земјоделци бара системски решенија за македонскиот аграр
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот