Пратеничката на СДСМ реагира: Кукавички ми го запаливте автомобилот но не ви се плашам
Пратеничката на СДСМ, Славица Шуманска – Митева, вели дека зад синоќешното инцидент, каде беше запален нејзиниот автомобил, стојат вандали охрабрени од вчерашното однесување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.
-Слушнавме тресок и излеговме надвор, автомобилот гореше, а по улицата имаше линија од пламен, онаму каде бил истурен бензин и запален. Штетата не е целосна затоа што сопругот успеа да го изгаси пожарот на време. Имавме среќа што не спиевме, да спиевме колата ќе експлодираше, реагира пратеничката за Фокус.
Вели дека добивала и заканувачки пораки, но не верувала дека ќе дојде до ова. Од име на цела пратеничка група, такви работи не треба да се случуваат. Сигурно е сценарио на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи само они се спремни на вакво нешто. Ова се надевам ќе биде последно, вели таа.
Ново на Сител
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%
-
Државниот испитен центар, во Штип, Битола и Скопје ќе обезбеди простор за полагање државна матура
-
Потребна е поголема зелена инфраструктура против загадувањето
-
Преглед на вестите од светот
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ