-->
-->
Познати тетовските кандидати за пратеници од Алијанса за Албанците за шестата изборна единица
-->
Тетовскиот огранок на Алијанса за Албанците ги утврди седумината членови кои се потенцијални кандидати за пратеници во рамки на изборната единица шест за парламентарните избори.
- Одлуките се донесени на денешната седница на Собранието на партијата во Тетово, соопштија од партијата на нивниот профил на социјалната мрежа Фејсбук.
Тетовскиот огранок за пратеници ги предлага др. Вулнет Ферати потпретседател на партијата, Арта Точи, претседателка на женската организација, Флакрон Беџети, партиски портпарол, Алтрим Мамути, претседател на тетовскиот огранок, Аднан Незири, Афије Јонузи и Доника Бакиу од младинскиот форум на партијата.
На Собранието присуствуваше и претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден