Loading Video...
Кошарка
19. July 2019 - 11:51

Познати можните противници на Македонија во квалификациите за Евробаскет 2021

ФИБА денеска го објави изгледот на "шеширите" од кои во понеделник ќе бидат извлечени групите за квалификациите за Евробаскетото што во 2021 ќе се одржува во Германија, Италија, Чешка и Грузија.

Македонските кошаркари ждрепката ќе ја очекуваат од шестиот "шешир" во кои се и БиХ, Унгарија и Холандија.

Тоа се само дел од дваесетте репрезентации против кои Македонија сигурно нема да игра. Според најавената ждрепка, можни противници на Македонија ќе бидат, по една селекција од "шеширите" 2, 3 и 6.

Од вториот потенцијални противници ни се, европскиот првак Словенија, Хрватска, Грција и Русија.

Од третиот "шешир" непосакувана селекција е ко-домаќинот Италија, која е во друштво на Турција, Летонија и Украина. Потенцијални противници од шестата група се, Естонија, Бугарија, Шведска и Австрија.

Доколку црвено-жолтите за противник го добојат ко-домаќинот Италија, тогаш за пласман на ЕП ќе мора да го освојат првото или второто место.

Во спротивно, ако ја избегнеме Италија, пласман на шампионатот би обезбедиле и како трето пласирани.

Квалификациите ќе се играат во три термини и тоа: 17-25 Февруари, 23 Ноември до 1 Декември следната 2020 година, а последниот од 15 до 23 Февруари 2021 година.