Бизнис
18. August 2015 - 18:52

Позитивна оценка за три проекти на Гази Баба

Општина Гази Баба аплицираше на три проекти на огласот објавен од Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, пришто доби позитивна оценка од Агенцијата, информираат од општината.

Проектите се однесуваат на „Мерката 321“, поврзување на населеното место Инџиково преку улица „10“ со Ченто“, во должина до седум километри. „Мерката 322“ , изградба и реконструкција на селски улици, вклучувајќи и атмосферска канализација на улицата „Антон Велков“, во населено место Стајковци“, во должина до еден километар и „Мерката 323“, проектот поврзување на населени места, Синѓелиќ - Стајковци, во должина до два километри.

За аплицираните проекти општината ќе добие 35.673.865 денари.