Пожарот ја однесе 43-та жртва во Калифорнија, изгоре и архива на Хјулет и Пакард

Седумнаесетгодишно девојче е 43-та жртва на шумските пожари во Калифорнија. Тоа почина вчера од изгорениците што ги здоби, бегајќи со своето семејство од огнот во областа Мендосино на 9 октомври.
Нејзиниот четиринаесетгодишен брат, исто така, загина во пожарот, а нејзините родители остануваат в болница со тешки изгореници.
Околу 1.000 пожарникари продолжуваат да се борат со пет пожари, но поголемиот број големи огништа се веќе ставени под контрола, велат од локалната противпожарна служба.
Освен што однесе 43 човечки животи, пожарот уништи 8.900 згради. Меѓу нив е и канцеларијата на фирмата за електроника „Кејсет технолоџи“, каде што се чуваат архивите на пионерите на технологијата Вилијам Хјулет и Дејвид Пакард.
Над 100 кутии со писма и други материјали од историјата на Силиконската долина се уништени во огнената стихија.
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
