Македонија
29. July 2024 - 21:26

Пожарите ја земаа првата жртва - горат куќи во повеќе села низ Македонија

Македонија ја бележи првата жртва во пожарите што вчера ја зафатија Источна Македонија.

Според Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК станува збор за повозрасно машко лице кое најверојатно се задушило од чадот.

„Денес ја имаме и првата жртва во село Кокошиње Кумановско. Еден возрасен човек се задушил од чадот што го вдишал додека неговата сопруга била навремено евакуирана од страна на локалните пожарникари“, информира вчера Ангелов.