Македонија
1. April 2019 - 17:14

Пожари дивеат низ целата држава

И денеска имаше активни пожари во земјата. Најкритично беше во Крушево каде интервенираа единици на Дирекцијата за заштота и спасување, противпожарната единица, како и хеликоптер на АРМ кој го гаснеше пожарот во непристапните терени. Пожарот на Јабланица пак, над селото Октиси каде на непристапен терен гореше  во текот на денот беше локализиран. Појавата на голем број пожари на различни локации во државата е симптоматично, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски.

-100% е човечки фактор, последиците се несогледливи и долгорочни во смисла долгорочно уништување на екосистемот, кој ќе го чувствуваат нашите генерации. Ова е геноцидно однесување кон природата, не е запамтено ни во регонот ни во светот, вели АДНАН ЏАФЕРОСКИ, ДИРЕКТОР НА ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ.

Со цел да се пронајдат сторителите, но и да се спречи понатамошното палење, покрената е поголема мобилност на сите институции.

- Вклучувајќи ги МВР, Министерството за земјоделие, а ДЗС будно ја следи цела ситуација на целата терторија. Треба да се свестат, да се покаже повисок степен на цивилизираност, вели Џафероски.

Џафероски вели дека досега не се памети во месец март да има пожари од ваков размер.