-->
-->
Пожар во велешката градска депонија
-->

Голем пожар кој попладнево некаде околу 17 часот изби на велешката градска депонија се уште гори.
Со огнената стихија, а со цел да не се прошири и на околината, повеќе од три часа се справуваат вработени од Противпожарната единица од Велес и ЈКП „Дервен“ кое стопанисува со депонијата.
Како што за МИА информираа од ППЕ, во моментот се гаси со вода од две цистерни на ЈКП „Дервен“ и една цистерна на ППЕ, а вклучени се и вработени и од ЈКП „Дервен“.
Како што велат од ППЕ ако до утре изутрина пожарот не се изгасне со вода, во гасење на пожарот на велешката градска депонија ќе биде вклучена и тешка механизација односно булдужери.
Click here to Reply or Forward
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
