Пожар во станбена зграда
Гореше станбена зграда во Македонска Каменица и по неколку часа драматична состојба пожарот беше локализиран.
Пожарот избувнал попладнево околу 14 часот во еден од становите на 4 кат од зградата, се проширил на кровната конструкција и за кратко време го зафатил целиот покрив на зградата.
Во гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари од Македонска Каменица, кои побарале помош и од делчевските пожарникари. Според информациите на командирот од ТППЕ Делчево, Јонче Атанасовски, делчевските пожарникари веднаш по дојавата пристигнале на местото на пожарот и по брзата интервенција пожарот е локализиран.
- Ние веднаш пристигнавме со возило и го локализиравме пожарот на кровот, не дозволивме да се префрли на соседните згради, ниту да зафати повеќе станови, а потоа и го изгаснавме, рече Атанасовски.
Засега не се знаат причините за пожарот, но се претпоставува дека е предизвикан од неисправна електрична инсталација.
Ново на Сител
-
Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден
-
Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Велигден
-
Протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, истрагата продолжува
-
Велика Сабота, денот меѓу смртта и воскресението
-
Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајна несреќа на магистралата Кичево-Гостивар
-
Младинскиот ракометен тим на „Еурофарм Пелистер“ се пласира на финалниот турнир во Келн
-
Сончево и топло со локална облачност
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина