Балкан
18. February 2022 - 15:49

Пожар во резиденцијата на хрватскиот амбасадор во Белград

Пожар избувна денеска во резиденцијата на хрватскиот амбасадор во белградската населба Сењак, јави Хина.

Во моментот на пожарот немало никој во резиденцијата, а соседите пријавиле чад од таванот, рекле од амбасадата. Амбасадорот Хидајет Бишчевиќ потврди дека во резиденцијата во моментот на пожарот немало никој.