Пожар во подрум во зграда во Тетово, евакуирани станарите поради многу чад
Пожар во подрумските простории во една од зградите познати како комплекс „Чешел“ на улица „Борче Кочоски“ во Тетово се случи рано утринава околу 4:30, а за среќа нема жртви. Според првичните информации од тетовската пожарна, повеќе станари и еден пожарникар побарале медицинска помош поради чадот. Огнот не зафатил ниту еден стан.
-Пожарот настанал на табла за струјомери во подрумските простории. Ние веднаш почнавме да интервенираме со ПП апарати. Поради тоа се појави голем чад кој се прошири низ ходниците на целата зграда и затоа се одлучивме да ги евакуираме сите станари. При тоа, наидовме и на три неподвижни лица, но сите ги извадивме надвор. Неколкумина од нив поради чадот побараа и добија помош од медицинскиот персонал кои дојдоа со амбулантски возила. Голема помош во евакуакцијата имавме од полицајците, изјави Ука Алити, командант на тетовските пожарникари.
Голем проблем за пожарникарите било да дојдат со камионите до зградата поради тесниот простор и паркираните возила.
-Најголем проблем ни беа паркирани возила пред зградата, милиметрски влеговме со камионите и ние и амбулантните коли, пожарникарите самите сме ги поместувале паркираните возила. Апелираме да не ги паркираат возилата граѓаните на било кое место, пример во овој случај скала немаше шанси да пуштиме, свеста мора се подигне. Воедно куќните совети мора да имаат одговорност бидејќи нема хидранти и ПП апарати во зградите, куќните совети обавезно да набават, рече Алити.
На пожарот во „Чешел“ интервенриале со две возила и десет пожарникари. Во оваа ноќна смена од 19 часот вчера до седум часот утринава пожарникарите имале шест интервенции на пожари во Милетино, Пирок, Боговиње, Глоѓи и во Тетово на куќа кај полициската станица.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право