Македонија
7. July 2018 - 14:49

Пожар во отпад за старо железо во Кавадарци, повредени нема

Пожар избувна денеска во плац за откуп на старо железо во Кавадарци, повредени нема.

Командирот на кавадаречката противпожарна единица Илчо Богевски потврди за МИА дека на местото интервенирале со три противпижарни возила и седум пожарникари.

На помош им дошле и Јавното претпријатие „Комуналец” и компанијата „Кожувчанка” со по едно возило и со по две лица, како и подружницата на „Македонски шуми” со две возила и двајца работници.

- Во моментов огнот е изгаснат и е под контрола. Сепак, засега имаме дежурство таму, за да бидеме сигурни дека нема да има дополнителни проблеми, соопшти Богевски.

Се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.