Македонија
31. December 2018 - 11:08

Пожар во куќа во Скопје, за среќа повредени нема

Пожар во семејна куќа во Скопје, за среќа повредени нема. Како што соопршуваат од МВР, вчера околу 15,00 часот во Скопје на  улица ”Пролетерска“ во помошната просторија од куќа сопственост на Г.М.(39) избувнал пожар при што целосно изгорела кровната конструкција и инвентар. Во пожарот повредени лица нема. Извршен е увид на местото на настанот.