Повторување на постапката и јасни судски пресуди, а не амнестија за осудените за „27 април“, бараат од „Стоп на политичкиот прогон“
Амнестијата значи „најмалку фер и адекватно решение“ на судскиот случај со настаните во Собранието од 27 април 2017 година, реагираат од проектот “Стоп на политичкиот прогон“, по вчерашната одлука на Кривичниот суд за уважување на барањето за амнестија на обвинетите во случајот „Организатори за 27 април“.
Во реакцијата претседателот на Проектот за “Стоп на политичкиот прогон“ Тодор Кулаков, укажува дека биле „силно испровоцирани од вчерашната скандалозна изјава на судијата Илија Трпков“ оценувајќи го како „„политички говор“ и уште еден доказ за „постоењето на политичкиот прогон“.
-За истакнување е да потенцираме дека вклучително и Претседателката Сиљановска како правен експерт, исто така, го хармонизира ставот со нас како проект дека не преку Амнестија ами со повторување на судска постапка и јасни судски пресуди ќе се постигне целта, кон што би додале дека уште на сам почеток на повторувањето на постапката, за некои 10-тина дена, ќе ги извадиме како проект на слобода сите од браќата од 27-ми април на слобода, односно од слобода да се бранат и на слобода да останат, потврдено со правосилна судска пресуда, се вели во реакцијата од проектот за “Стоп на политичкиот прогон“.
Одборот на проектот „Стоп на политичкиот терор и прогон“ чија главна цел е слобода за осудените за „27 април“, во октомври минатата година презентираше фотографии и видео материјали од гласањето во законодавниот дом на 27 април и бараат целосна ревизија, како и повторување на постапката.
Кулаков, тогаш појасни дека проектот се состои од неколку фази кои планираат да ги реализираат со цел ослободување на осудениците од „27 април“ и обесштетување на нив и нивните семејства, како и преименување на две улици во градот во чест на, како што рече, „уставобранителите“. Според Кулаков, во случајот „27 април“ има многу контроверзи и голем број на вести, видео материјали и фотографии од гласањето за претседател на Собранието на 27 април се избришани.
Ново на Сител
-
Томовски: По 150.000 денари итна помош за секој настрадан за првични секојдневни трошоци
-
Шеесетминутен молк во Солун за жртвите од трагедијата во Кочани
-
Русија очекува напредок во преговорите со САД за Украина во понеделник
-
Приведено лице од Делчево поради предизвикување пожар
-
Муцунски: Владата ги покрива сите трошоци за семејствата на пациентите во странство, не треба да се запостави и хуманоста на граѓаните
-
Таравари: Пет пациенти идната недела очекуваме да се вратат во земјава, шест се во критична состојба
-
Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцески, починатиот возач на кочанската Брза помош
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција