Повторно запалена депонијата кај месноста Шушлевец
Продолжува палењето на депонијата кај месноста Шушлевец која се наоѓа во близина на патниот правец Берово – Струмица. Граѓани кои живеат во близина на депонијата информираат дека огнот бил најсилен синоќа.
-Навистина ситуацијата е аларматна. Две недели се гушиме во чад. Иако службите се на терен и прават се таа да биде изгасена, сепак во текот на вечерните часови таа повторно се пали, велат жители на Берово.
Од Територијалнатапротив пожарна единица во Берово потврдија дека депонијата се пали навечер.
-Ситуацијата со депонијата изгледа како некој да се ,,подигрува” со нас. Ние ја гаснеме преку ден, навечер некој ја пали. Иако по цел ден сме активни во гаснењето и се истура и земја, сепак навечер таа гори, истакнаа од ТППЕ Берово.
Од комуналното претпријатие напоменаа дека палењето редовно се пријавува до надлежните од беровската полиција, од каде добиле информација дека се работи на откривање на евентуалните пиромани.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пратениците да се консултираат со уставни експерти пред да се носат измените за укинување на двојното државјанство
-

Предлогот за укинување на техничката влада помина на Собраниска комисија, Филипче со ултиматум до власта
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
