-->
-->
Повторно заедно: Тони Михајловски во посета на Игор Џамбазов!
-->
Најпознатиот македонски шоумен, Игор Џамбазов, два месеци по операциите на нозете се опоравува во неговото омилено Слепче. Слепче е изборот на Игор секое лето, а ова лето демирхисарското село е местото каде Игор се рехабилитира. Многумина знаат да прокоментираат за наводно нарушени односи меѓу Игор и неговиот пријател, актерот Тони Михајловски, но, се чини, сѐ е само чаршиски муабет.
Викендов Михајловски заминал во Слепче, во посета на стариот пријател Џамбаз. Фотографиите од посетата на Слепче и на стариот пријател Игор, Тони ги сподели на Фејсбук.
Под фотографиите, познатиот композитор, маестро Александар Џамбазов, татко на шоуменот Игор, искоментира:
Е, колку ли време помина да ги видам на слика двајцата браќа!?
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари