Македонија
7. November 2023 - 16:31

Повторно забрана за пиење на водата во Струга

Повторно забранета за пиење водата од градскиот водовод во Струга, од чешмите тече заматена и нечиста вода. Од ЈП „Водовод и канализација“ преку соопштение посочија дека заматеноста е предизвикана од врнежите од дожд кои го зафатија регионот и апелираат до граѓаните да не ја користат водата до следното известување.

Од центарот за Јавно здравје пак велат дека дека од извршените првични, хемиски анализи на водата, констатирана е зголемена вредност на параметарот матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните.

Дел од граѓаните реагираат велат срамота е во 21 век  да се соочуваме со вакви проблеми дел пак од нив незнаејќи дека не е безбедна ги користеа градските чешми.

Последните рестрикции „Водовод“ - Струга ги воведе летово поради слабата издашност на изворите во Шум и Белица од каде градот и околината се снабдуваат со вода.

Од Јавното претпријатие тогаш кажаа дека водата за пиење ја злоупотребувале несовесните граѓани за наводнување. Инаку општината од минатата година започна со реконструкција на водоводната мрежа, замена на азбестните цевки со нови, со која беше најавено дека ќе стави крај на проблемите со водоснабдувањето но од сето тоа сеуште ништо.