Повторно е среќна и вљубена: Нина го покажа новото момче
По болниот прекин на врската со Јан Сомерхалдер, ѕвездата на серијата „Вампирски дневници“, канадската актерка со бугарско потекло Нина Добрев, повторно е среќна и вљубена.
Нејзино ново момче е 30-годишниот Остин Стовел, со кога се појави на црвениот тепих на премиерата на неговиот нов филм „Мост на шпионите“ во Њујорк.
Добрев и Стовел првпат беа „уловени“ заедно во јули годинава на една стенд ап комедија, еден месец подоцна и на романтичен одмор во Сен Тропе, а минатиот месец се проширија гласини дека Остин ја придружувал Нина на свадбата на нејзината пријателка Кајли Евел.
Нина претходно три години беше во врска со колегата од „Вампирските дневници“, Јан Сомерхалдер со кого на изнендување на многумина раскина во мај 2013 година.
Набрзо по прекинот, Јан падна во прегратките на Ники Рид со која се венча пред неколку месеци.
За Нина прво се говореше дека страда поради раскинувањето со Јан, а потоа и дека е во врска со Лијам Хемсворт, но тоа никогаш не беше официјално потврдено.
Ново на Сител
-
Вложување во дигитализација
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик
-
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј изложени за проштално збогум
-
Преглед на вестите од светот
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче