Повредено едно лице при судир на три возила на патот Мелнички Мост - Центар Жупа
Сообраќајна несреќа попладнево околу 17 часот се случила во близина на Мелнички Мост, на кракот кој од регоналниот пат Дебар-Маврово се одделува за Центар Жупа, кај селото Долно Меличани.
- Станува збор за вержен судир на три возила со македонски регистарски ознаки. За среќа, во несреќата со полесни повреди се здобило само едно малолетно лице, информира за МИА портпаролот на Секторот за внатрешни работи-Охрид, Стефан Димоски.
Поради несреќата, сообраќајот на делницата Мелнички Мост- Центар Жупа е во прекин. На местото на несреќата се врши увид, а присутна е и екипа на дебарската секција на „Македонија пат“.
На овој патен правец, како и на сите останати во регионот, видно е зголемена фреквенцијата на возила, поради доаѓањето на иселениците во родниот крај.Посебна внимателност во сообраќајот се препорачува и поради влажните коловози.
Ново на Сител
-
ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
„Бизнис лидер“ е новиот проект каде ќе се најдат најуспешните компании
-
Од први јули минимално поскапува струјата
-
Пензионерите со нови услови
-
Бугарија бара Брисел да не потсети дека треба да ги донесеме уставните измени
-
Невремето затвори операциони сали во ГОБ 8-ми септември
-
Каевски ја оперирал ногата, судењето за спортски ваучери се одложи