Повредените мигранти кај кумановско Градиште во стабилна здравствена состојба
Во стабилна состојба се 26. мигранти кои се повредени во сообраќајка утринава околу 06,40 часот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово кај месноста викана „Градиште“, кога од коловозот излетало товарното моторно возило „Фолваген“ во кое се превезувале, а возачот е во бегство.
Мигрантите, од кои 15 државјани на Авганистан, девет на Пакистан и еден од Ирак (седум биле малолетни лица), со возило на Итната медицинска помош биле пренесени на Хируршкото одделение во Општа болница Куманово.
Од Хируршкото одделение при Општа Болница Куманово информираат дека само еден од пациентите завршил со тешки телесни повреди, и е испратен на клиника за трауматологија во Скопје, а останатите по укажаната помош ќе бидат пуштени на домашно лекување.
– На нашето одделение се примени 26 пациенти, сите се прегледани, направен е рендген и се што е потребно, констатирани се телесни повреди на 25 пациенти, кои се опсервирани, дадена е аналгетска терапија, а еден пацинет е испратен на Клиника за трауматологија. Малолетните лица се во добра општа состојба и ќе бидат пуштени на домашно лекување, посочи Љубинка Дамјановска Крстиќ, хирург Општа болница Куманово.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипата од СВР Куманово.
Министерството за внатрешни работи информира дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско, приведено едно лице
-
Црвениот крст на РСМ ги повикува македонските граѓани да донираат средства за настраданите во БиХ
-
Нормализиран сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на официјалното отпочнување на надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир
-
Утре литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан
-
Најмногу дожд наврнат во Пожаране и Лазарополе
-
ЦУК: 2 028 повици изминатото деноноќие, три пожари на отворено
-
Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство: Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати и субвенции