Повредени двајца пешаци во сообраќајки во Тетово

Двајца пешаци, возрасна жена и 11 – годишно момче, се здобиле со телесни повреди во две одвоени сообраќајни несреќи што вчера попладне се случиле во Тетово, информираат од СВР Тетово.
Со потешки телесни повреди, скршеница на десната рака, поминала Б.В.(72) од Тетово откако околу 16:50 часот била удрена од автомобил „Ровер“ со гостиварски таблици што го управувал засега непознато лице и кое веднаш по сообраќајката избегало. Повредената тетовка веднаш била прфрлена во Клиничката болница во градот каде и била констатирана скршеница на десната рака и пружена соодветна лекарска помош. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Тетово. Се работи на откривање на идентитетот на возачот и негово пронаоѓање.
Другата сообраќајна несреќа со повреден пешак се случила два часа подоца околу 18: 50 часот на крстосницата од улиците „Ѓоце Стојчески“ и ЈНА при што С.Х.(36) од Тетово управувајќи БМВ удрила во 11 – годишно дете од Сиричино. Поврденото дете било пренесено во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување. Полицијата по извршениот увид работи на расчистување на причините и другите поединости за сообраќајката.
Ново на Сител
-

Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
-

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици
-

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник
-

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта
-

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија
-

Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед во јануари
-

Полска со порака до Трамп за Гренланд: Нападот на сојузниците би бил крај на светот каков што го знаеме
