Повредена жена пронајдена на автопат кај Демир Капија
Повредена жена била пронајдена синоќа на автопатот кај Демир Капија, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Синоќа во 19:50 часот на автопатот А1 Демир Капија - Неготино, по наплатна станица „Демир Капија“, покрај десната коловозна лента, полициски службеници од ОВР - Неготино ја пронашле С.М., на возраст од 49 години од Република Србија, која била со повреди на телото. Извршен е разговор со нејзиниот сопруг Б.М., на возраст од 52 години од Република Србија, кој кажал дека враќајќи се со С.М. и нивните малолетни син и внука од одмор од Република Грција, С.М., која имала здравствени проблеми физички го нападнала, по што настанала физичка пресметка и тој го запрел возилото, ја оставил С.М. покрај патот и заминал со децата кон граничен премин „Табановце“, појаснија од СВР - Велес.
Од страна на Итна медицинска помош - Неготино на С.М. и била укажана лекарска помош, по што била пренесена во здравствена установа „Негорци“. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат
-
Преглед на вестите од светот