Свет
28. December 2016 - 8:45

ОН повикуваат за заштита на доказите за воени злосторства во Алепо

Портпарол на генералниот секретар на ОН изјави денеска дека ОН се надеваат дека доказите за воените злосторства во источно Алепо ќе бидат сочувани додека набљудувачите не добијат пристап до масовни гробници.

– Се уште немаме пристап до источно Алепо, но ако таму постојат докази за воени злосторства, очекуваме да се сочуваат на соодветен начин, изјави Стефан Дижарик.

Портпарол на руското МО, Игор Конашенков изјави дека во источно Алепо се откриени масовни гробници на цивили кои претходно биле измачувани и масакрирани.