Свет
20. November 2015 - 21:00

Повикот од кој трепери целиот свет: Што значи „Алах акбар“?

Во екот на терористички напади се запознавме со изразот „Алах акбар“. Тој израз џихадистите најчесто го изговараат пред да ги активираат бомбите со кој се разнесуваат себе си и додека пукаат на нивите мети.

Преводот од арапски јазик значи „Бог е голем!“,„Алах е голем!(најголем)“, иако  многумина сметаат дека поточен превод е „Алах е поголем!“(веројатно мислејќи поголем од сите нас).

Значи, иако можеби го врзуваме за терористи, особено во светло на неодамнешните настани, односно нападите кои ги изведе Исламската држава , ова е вообичаен израз во светот на муслиманите, и нека никакви негативни , ниту милитаристички конотации.

Овој израз муслиманите  често го повторуваат во молитвите, но се почесто, за жал кога одат во војна или кога екстремистите се пресметуваат со припадниците на други заедници.

Овој израз немал ниту малку проблематична конотација и дури е испишан на знамињата на некои држави, се додека не почна да се користи како воен израз. Сега со „кревањето“ на џихадистите предизвикува морници низ целиот свет. Тука станува збор за злоупотреба на верата, со оглед дека Исламот, како ниту било која друга вера, не повикува на убивање.

Првата работа која ај сакаат терористите, кои прават терористички напади,наводно во име на верата, е поврзување на исламот со тероризмот, па така се случи и еден религиозен израз стане синоним на убивање и напади.

Тоа е причината поради која овој израз се почесто го среќаваме во вестите.