Македонија
23. May 2016 - 9:04

Повик за учество на работилницата „Дизајн размислување“

Дизајнерките на накит Јана Ацевска и Мима Пејоска организираат дводневна бесплатна работилница „Дизајн размислување“ (Design thinking) во рамките на проектот „Дизајн предизвик“.

- Работилницата е наменета за сите кои се подготвени за нови креативни предизвици и заинтересирани за запознавање со основите на методологијата „Дизајн размислување“, изучување конкретни методи, техники и вежби и искусување на целиот процес, соопштија организаторките во повикот за учество на работилницата. 

Работилницата ќе ја води Сузан Бергер, стручен предавач од школата HACCO PLATNER D-SCHOOL од Берлин и ќе биде на англиски јазик. Ќе се одржува на 11-ти и 12 јуни од 10 до 17 часот. Бројот на учесници е ограничен. Краен рок за аплицирање е 1 јуни. 

Проектот е поддржан од Амбасадата на САД. Повеќе информации и форма за апликација се објавени на www.designtatamata.com.  Селектираните кандидати ќе бидат известени за учеството на работилницата.