Повик за учество на работилницата „Дизајн размислување“
Дизајнерките на накит Јана Ацевска и Мима Пејоска организираат дводневна бесплатна работилница „Дизајн размислување“ (Design thinking) во рамките на проектот „Дизајн предизвик“.
- Работилницата е наменета за сите кои се подготвени за нови креативни предизвици и заинтересирани за запознавање со основите на методологијата „Дизајн размислување“, изучување конкретни методи, техники и вежби и искусување на целиот процес, соопштија организаторките во повикот за учество на работилницата.
Работилницата ќе ја води Сузан Бергер, стручен предавач од школата HACCO PLATNER D-SCHOOL од Берлин и ќе биде на англиски јазик. Ќе се одржува на 11-ти и 12 јуни од 10 до 17 часот. Бројот на учесници е ограничен. Краен рок за аплицирање е 1 јуни.
Проектот е поддржан од Амбасадата на САД. Повеќе информации и форма за апликација се објавени на www.designtatamata.com. Селектираните кандидати ќе бидат известени за учеството на работилницата.
Ново на Сител
-
Голем број гости се очекуваат за празниците во Охрид
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден