Повеќето од заразените со омикрон сојот во САД се двојно вакцинирани
Повеќето од 43 случаи заразени со сојот омикрон на коронавирусот во САД се целосно вакцинирани, а третина дури добиле и дополнителна доза, соопштија Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
ЦДЦ соопшти дека меѓу 43-те инфекции со омикрон сојот 34 лица биле целосно вакцинирани, а 14 добиле дополнителна,таканаречена засилувачка доза, пренесоа британските медиуми.
Иако станува збор за мал број случаи на вакво тип инфекција, извештајот на ЦДЦ придонесува за загриженоста дека вакцините што во моментов се користат обезбедуваат помала заштита од овој високо пренослив сој на коронавирус.
Омикрон сојот досега е откриен во 22 земји, откако кон крајот на ноември за првпат беше идентификуван во Јужна Африка и Хонг Конг. Повеќето од заразените имаат благи симптоми, а само еден од 25 заразени лица во Јужна Африка бил хоспитализиран два дена.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден