Повеќето Македонци се за Хилари Клинтон отколку за Трамп
Во Македонија повеќе граѓани би гласале за Хилари Клинтон во однос на Доналд Трамп, покажуваат резултатите од глобалната анкета за претстојните претседателски избори во САД на WIN/Gallup International, спроведена во текот на август и септември меѓу вкупно 44,194 мажи и жени.
Според анкетата, 48% од македонските граѓани се изјасниле дека би гласале за Клинтон, наспроти 20% кои би му дале поддршка на Трамп, додека 32% биле неопределени.
Анкетата спроведена во 45 земји, покривајќи скоро 75% од светската популација, покажува дека Хилари Клинтон е во предност пред Доналд Трамп во сите земји освен во Русија.
Дијаметрално поразлична е сликата во Русија каде што на Трамп му се наклонети 33%, а 10% на Клинтон. Во Кина повеќе ја фаворизираат Клинтон (53%) наспроти Трамп (44%). Во САД, предноста на Хилари Клинтон пред Трамп изнесува 7% (48% би ја поддржале Клинтон во однос на 41% кои би го поддржале Трамп, а 11% се неопределени), посочуваат резултатите на WIN/Gallup International.
Меѓу сите анкетирани, 69% одговориле дека има големо или многу големо влијание во нивните земји кој ќе биде избран за претседател на САД (во Македонија 57%). За прашања од јавната политика, 78% од анкетираните советуваат следниот американски претседател да не се посвети само на локалните американски интереси, туку да се фокусира на интересите на целиот свет, или да им даде еднаков приоритет на локалните и глобалните проблеми (во Македонија 57%).
Само 16% од светската јавност советува следниот американски претседател да ја стави Америка прва и да не ги земе во предвид глобалните интереси (Во Македонија 27%). Јавноста во САД, од друга страна сака идниот претседател многу повеќе да е фокусиран на домашната политика (61%).
Наодите на глобалната анкета беа презентирани минатата недела во Њу Орлеанс, САД, на годишниот конгрес на ESOMAR, меѓународна професионална асоцијација на истражувачи на јавното мислење и маркетингот, а деталните наоди се достапни во (www.Gallup-international.com)
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови