Повеќе скопски села и населби утре без струја
Од 8:30 до 10 часот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „Борис Трајковски“, поточно делот пред првиот влез на фабриката „ОХИС“ во општина Кисела Вода.
Во периодот од 8:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Студеничани, а од 8:30 до 14 часот корисниците од улицата „Црногорска“ бр. 8, 61, 63 и 65 и дел од улицата „Панајот Гиновски“ во општина Ѓорче Петров.
Корисниците од улицата „Козле“ од бр. 28 до бр. 37 и улицата „Стогово“ од бр. 21 до бр. 27 во општина Карпош ќе бидат без струја од 9 до 11 часот, а од 9 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Ѓуро Гоновиќ“ во општина Центар.
Во временскиот период од 9 до 14 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Глумово, а од 14:30 до 16 часот дел од корисниците од населбата Стопански Двор.
Како што соопшти РЦУК - Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.
Ново на Сител
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград