Повеќе од 2.200 луѓе загинаа во земјотресот во Хаити
Агенцијата за цивилна заштита на Хаити вчера соопшти дека 344 лица се уште се водат како исчезнати по катастрофалниот земјотрес.Најмалку 2.207 луѓе загинаа, а повеќе од 12.268 се повредени во земјотресот со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала кој го погоди Хаити минатиот викенд.Во потресот се уништени околу 53.000 објекти.
Американскиот геолошки завод (USGS) објави дека епицентарот на земјотресот се наоѓал на 12 километри североисточно од Сент Луис ду Суд, на длабочина од 10 километри.
Премиерот на Хаити Ариел Хенри претходно изјави дека земјотресот причинил голема материјална штета. Тој прогласи едномесечна вонредна состојба во државата.
Еден од најсмртоносните земјотреси во светот во минатиот век е регистриран токму на Хаити на 12 јануари 2010 година.
Според официјалните податоци, тогаш загинаа 316.000 луѓе, а 300.000 беа повредени во потресот со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала, кој се случи во јужниот дел на земјата. По оваа природна катастрофа околу 1,3 милиони луѓе останаа без своите домови.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање