Потврден кредитниот рејтинг „А“ на Групацијата Триглав
Агенцијата „S&P Global Rejtings“ ја потврди оценката „A” за долгорочен кредитен рејтинг и рејтинг за финансиска стабилност за Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво „Заваровалница Триглав д.д.“ и нејзината ќерка фирма „Позаваровалница Триглав Ре д.д.“. Двата кредитни рејтинга имаат стабилна среднорочна прогноза.
Од Заваровалница Триглав денеска соопштија дека кредитниот рејтинг „A” го рефлектира самостојниот профил на кредитен ризик на Групацијата Триглав и не вклучува зголемување под влијание на статусот на државна компанија.
- Стабилната среднорочна прогноза ги рефлектира очекувањата на „S&P Global Ratings“ дека Групацијата Триглав ќе продолжи со ефективна имплементација на поставената стратегија и во наредните две години ќе ги оддржи високата заработка, раст и многу силна капитална адекватност, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива