Потребна поголема едукација за справување со дијабетесот
Потребна е поголема едукација на пациентите со дијабетес, на сите здравствени работници и професори. Ова денеска беше истакнато на доделувањето на признанието Центар за извонредност во грижата за дијабетесот која го доби Универзитетската Клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања од Меѓународната федерација за дијабетес.
Државниот секретар во Министерството за здравство Владимир Милошев соопшти дека дијабетесот е хронично заболување кое зема се поголем замав во светот, но и во Македонија.
- Бројот на регистрирани лица со дијабетес кои се на инсулинска терапија во моментов во Република Македонија е 40.000, од кои три илјади се лица од тип 1, а 37.000 со тип 2. За таа цел Министерството за здравство на годишно ниво изготвува посебна програма за обезбедување инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер и едукација за третман и контрола на дијабетесот. Оваа година програмата изнесува 620 милиони денари, рече Милошев.
Тој информира дека оваа програма опфаќа и камп за едукација на лица со дијабетес, едукација за исхрана и физичка активност во образовните установи и изработка на едукативни материјали за подигнување на свесноста за оваа болест.
Претседателот на научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија Татјана Миленковиќ со своето залагање во едукацијата на здравствените работници и на пациентите го поттикна и овозможи ова признание.
- Со ова признание или сертификат ние се стекнуваме со можноста да бидеме дел од визијата на Меѓународната федерација за дијабетес и да имаме клучна улога во понатамошниот придонес кон оваа светска кампања. Дијабетесот претставува постојано растечката закана за целиот свет, па и за нас, рече Миленковиќ.
Ново на Сител
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години
-
Грција на 20 ноември ќе биде блокирана од штрајкот на вработените во приватниот и јавниот сектор