Потпишан договорот за изградба на патот Муртино-Еднокуќево
Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и директорот на Бирото за регионален развој Џемаил Ељмази денеска во Скопје го потпишаа Договорот за реализација на проектот „Изградба на локален пат село Муртино – село Еднокуќево“.
Вкупната сума за реализација на првата фаза од овој проект изнесува 1.288.000 денари, од кои 644.000 денари или 50 отсто ги обезбедува општина Струмица како носител на проектот и исто толку од Бирото за регионален развој.
- Во наредниот период општина Струмица ќе ги преземе сите неопходни активности за реализација на проектот, исполнувајќи ги обврските утврдени со Законот за рамномерен регионален развој, во кои спаѓа и обврската за почнување на постапката за доделување договор за јавна набавка. Изградбата на локалниот пат од Муртино до Еднокуќево ќе биде од исклучителна важност за граѓаните од овие две населени места, како и за граѓаните од цела општина Струмица и струмичкиот регион, се вели во соопштението од општина Струмица.
Ново на Сител
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот